(СВЕТ) – Интернационалната ABC организација (IFABC) во текот на 2014 година спровела глобално истражување со кое биле опфатени глобалните трендови во однос на “конзумирањето на медиумите“, промените во однос на однесувањето на читателите и прогнозата за инвестициите во огласување во пооделните видови медиуми.
Покрај локалните ABC канцеларии во ова истражување своја поддршка и insight дадоа и повеќе агенции (GroupM, MEC Global, Glaxo Smith Kline, Unilever, AE Media, Zenith Worldwide, Maxus Global, Johnson & Johnson…)
Во продолжение можете да го погледнет графиконот кој го прогнозира уделот на пооделните видови медиуми во огласувачките инвестиции во 2016 година спореден со тоа што беше реалност во 2013.