Онлајн платформата за резервација на сместување, Booking.com, ја продолжува соработката со актерската ѕвезда Идрис Елба во летното продолжение на кампањата “Booking.yeah”.
Следејќи го успехот на кампањата лансирана во САД порано годинава, во чиј спот емитуван за време на Super Bowl можеше да се види како Елба патува од луксузен хотел до тропска плажа и потоа до колиба во шумата, Booking.com сега ја носи харизмата на актерот на британските телевизиски екрани.
Британското продолжение на кампањата не само што ја претставува разноликоста на сместувањето кое е достапно на Booking.com, туку ги истакнува и новите услуги на платформата за рентање на автомобил и летање со авион.
„Поминав фантастично време работејќи со Booking.com на кампањата Booking.yeah во САД, па природно бев воодушевен што повторно ќе ги здружам силите со нив во оваа нова фаза од кампањата на домашниот пазар. Се надеваме дека откако ќе ги видат овие реклами, луѓето ќе се инспирираат да резервираат лично време за себе, а користењето на Booking.com овозможува да ги решите сите ваши потреби за патување одеднаш, во еден чекор“ – посочува Идрис Елба по повод кампањата на Booking.
Кампањата, која се состои од неколку телевизиски спотови кои ќе се емитуваат во текот на летото, е создадена со помош на креативната агенција Horses & Mules од Лос Анџелес.