Технолошкиот гигант Apple неодамна го претстави својот најнов Mac Pro на Светската девелоперска конференција во Сан Хозе, Калифорнија, кој чини 5,999 долари. И покрај тоа што уредот е опремен со спецификации за високи перформанси, она што најмногу го привлече вниманието на фановите беше неговото сребрено куќиште, за кое тие велат дека изгледа како големо ренде.
На социјалните медиуми се појавија еден куп фотографии кои го споредуваат куќиштето со оваа готварска алатка, а кон „забавата“ се приклучи и ИКЕА Бугарија со своја принт реклама.
Компанијата се здружи со агенцијата The Smarts со цел да го претстави своето ренде „iDEALISK“ – со мало „i“ на почетокот како мимика на епловите уреди iPhone и iPad. Рекламата го содржи и слоганот „Дизајнирано за јаболка“ (“Designed for apples”), додека пак цената е 3,99 лева.