I&F McCann Grupa го прошири своето работење и во Нордискиот регион превземајќи го управувањето со агенциите во Норвешка, Шведска, Данска и Финска кои се во состав на McCann Worldgroup. Со ова вложување I&F McCann Grupa ја заокружи својата дејност на 12 пазари во јужна и северна Европа, кои заедно имаат нешто повеќе од 58 милиони жители и после речиси двадесет години успашна соработка, стана еден од најголемите партнери на светската агенциска мрежа McCann Worldgroup и IPG од Њујорк. Во овој момент I&F McCann Grupa има повеќе од 600 вработени, од кои преку 350 во југоисточна Европа.
По овај повод, Срѓан Шапер, кој од 1997 година го предводи овај комуникциски систем го изјави следното:
„Нашата долгорочна стратегија секогаш беше развојот, што не е ни најмалку лесно во ваква компетитивна економска гранка, какви што се денес пазрните комуникации. Под тоа подразбирам и географски и органски развој, и развој на унапредувањето на знаењето и услугите насочени кон нашите клиенти, и пред се` развој на нашиот тим и секој човек во него. Се надевам дека проширувањето на работењето во нордиските земји ќе биде корисно, пред се` за сите клиенти бидејќи ќе го збогати нашето знаење со искуството на развиените пазари, за нашите вработени бидејќи ќе имаат поголема можност за интеракција со колегите од повеќе земји, и најпосле за нашиот регион, бидејќи на сите постоечки или потенцијални клиенти од нордиските земји активно ќе им укажуваме на можностите за инвестирање во економијата во овај дел на Европа.“
Агенциите во нордиските земји во состав на I&F McCann Grupа ќе ги води Richard Bonner–Davies, досегашен претседател на McCann Worldgroup за Централна и Источна Европа, кој има долгогодишно успешно искуство во комуникациската индустрија.