I&F McCann Група ја доби наградата Diplomacy & Commerce во категоријата Бизнис иновации како прва компанија од Србија која со инвестиции во четири земји од нордискиот регион, успешно го обедини работењето на 12 пазари со 58 милиони жители. Со инвесрирањето во Норвешка, Шведска, Данска и Финска, I&F McCann Група сега вработува 600 талентирани поединци во 12 земји.
„Наградата за бизнис иновации за нас има посебно значење затоа што доаѓа во година кога обележуваме 20 години успешно работење. Жирито ја награди храброста и визијата на нашата компанија и на основачот Срѓан Шапер, да зачекориме кон земјите на северот на Европа. Со тоа, Белград стана центар на креативноста. Горда сум на тоа што I&F McCann Група собира љубопитни, креативни и образовани млади луѓе и инспиративни и успешни партнери. Силата на нашата компанија се темели на сите со кои работиме овие 20 години. Затоа нашето мото е: Силата на луѓето!“ изјави Тијана Шкориќ Томиќ, извршен директор на I&F McCann Група.
Наградите Diplomacy & Commerce се доделени за прв пат на поединци, организации и компании кои се истакнале во хуманитарна работа, општествено одговорно работење и допринес во унапредувањето на деловната клима во Србија. За наградите одлучувало жири составено од претставници на Стопанската комора на Србија, Фискалниот совет и магазинот Diplomacy & Commerce.