#GrillTheWorst е кампања во чија суштина е игра на зборови, со цел промовирање на новиот производ на Бургер Кинг
Бургер Кинг, огласувачот на годината на Cannes Lions 2017 година, заедно со креативната агенција Etcetera лансираа кампања за нивниот најнов производ во Холандија во 2018 година: хот дог на скара. Играта на зборови може да им помогне на оние кои не го знаат холандскиот јазик, во кој зборот за хот дог е всушност зборот “worst” (најлош).
Бидејќи Бургер Кинг е познат по тоа што од 1954 година ги пече своите производи на отворен пламен, идејата за кампањата #GrillTheWorst е родена.
Психолошките истражувања покажуваат дека луѓето од целиот свет сакаат да ја започнат новата година со нови работи, така што Бургер Кинг ги повика да се ослободат од работите што не им се допаѓаат и кои не им се потребни, и тоа на начин што ќе го „грилуваат најлошото“, заедно со брендот.
Толга Бујукдоганај, креативен директор на Etcetera Амстердам, по повод оваа кампања изјави: “Горди сме што 2018 година ќе ја почнеме со „најлошата“(Worst) кампања“.