Шведскиот бренд на мебел IKEA лансираше нова кампања за блискоисточниот и северноафриканскиот пазар насловена “Your Home Will Never Be the Same” („Вашиот дом никогаш нема да биде ист“).
Кампањата нагласува колку животот се менува кога имате деца, а притоа на еден доста провокативен начин – брендот ги охрабрува тие деца да предизвикуваат што е можно повеќе „хаос“ во домот на нивните родители.
Централниот спот на кампањата прикажува повеќе деца на различни возрасти кои што цртаат по ѕидови, го валкаат мебелот, го дезорганизираат просторот и ги расфрлаат своите играчки, односно предизвикуваат секаков неред и бучава, па дури и деструкција во домот. Секако, IKEA тука се позиционира како страната која е тука да ги замени уништените парчиња мебел и покуќнина.
Кампањата е создадена во соработка со шпанската креативна агенција This is Libre.