Сигурно ги препознавате собите, но колку добро го познавате мебелот во нив?
Во својата најнова кампања во Обединетите Арапски Емирати, брендот за мебел IKEA ги рекреираше дневните соби од популарните телевизиски серии The Simpsons, Friends и Stranger Things, исклучиво со мебел и декорации кои се продаваат во продавниците на IKEA.
Кампањата „Ikea Real Life“ е дело на агенцијата Publicis Spain, а за нејзиното создавање биле потребни 2 месеци со цел да се пронајдат соодветните парчиња мебел кои се продаваат од страна на Икеа со цел реално да се рекреираат дневните соби од трите споменати телевизиски серијали.
„Тимот на ИКЕА заедно со креативците работеше неколку месеци. Тие поминаа низ стотици предмети со цел да ги пронајдат соврешните парчиња и да ги „оживет“ овие иконични соби. Тоа беше голем заеднички напор што доведе до прекрасен резултат. Вистинско сведошто за тоа што претставува ИКЕА: место каде што секој може да ја оживее идејата што ја гледа или има,“ истакна Винот Џајан, менџинг-директор во ИКЕА за ОАЕ, Катар, Египет и Оман.
За кампањата е создаден и микросајт на кој може да се разгледаат трите соби со сите парчиња мебел кои се прикажани во рекламите. Собите ќе се најдат и во неколку изданија на ИКЕА-каталози, а ќе бидат рекреирани и „во живо“ на неколку локации ширум Блискиот Исток.