Во средата, Олаф Шолц даде заклетва како нов германски канцелар, наследувајќи ја Ангела Меркел која ја водеше нацијата дури 16 години.
По тој повод, шведскиот бренд за мебел IKEA на истиот ден објави принт реклама во германските денвни весници со која на поранешната канцеларка ѝ посака мирни пензионерски денови.
Имено, IKEA најде двојничка на Меркел и ја седна во удобната фотеља STRANDMON. Рекламата беше проследена со зборовите “Endlich zu Hause” („Конечно дома“), повикувајќи ја Меркел да ги испружи нозете и конечно да одмори после 16 години.
Иако нејзината двојничка во рекламата изгледа прилично опуштена, IKEA Германија на своите профили на социјалните мрежи се пошегува дека сепак очекуваат таа да држи едно око врз својот наследник, дали се зафатил со работа. :)