Брендот за мебел IKEA се впушта и во модните води со својата прва колекција на облека и модни додатоци, наречена EFTERTRADA (нешто како „наследник“ на шведски).
Колекцијата првично ќе биде лансирана на 31 јули во Јапонија, бидејќи е „инспирирана од и направена за жителите на Токио“. После 6 август е планирано и нејзиното лансирање на други светски пазари.
Колекцијата, меѓу останатото, вклучува маичка на кратки ракави, фуксер, чадор, торба за пазарење, пешкири и слично.
Заедничко за производите е нивниот минималистички дизајн, преовладувањето на белата боја, а „лајтмотив“ на колекцијата е баркодот со натпис „дизајн и квалитет на IKEA од Шведска“.