Шест дрвени бањи со топла вода на 38 степени ќе бидат поставени на локацијата како дел од промоцијата на пролетниот каталог на брендот
Од 1 до 3 март, Икеа Франција ќе отвори термални бањи во Париз, на бреговите на реката Сена.
Шест дрвени бањи со топла вода на 38 степени ќе бидат поставени на брегот на реката Сена, така што оние што направат резервација преку апликацијата ќе обезбедат еден час традиционален шведски велнес, но апликацијата може да се симнува само од оние што се физички присутни во градот.
Покрај тоа, локацијата исто така ќе биде опремена со удобни опремени катчиња со мебел и додатоци од пролетниот каталог, така што посетителите можат целосно да уживаат во оваа несекојдневна активација.
Кампањата “Ikea Bains” е дело на агенцијата Ubi Bene.