Туш завесите, чадорите и дури и ламбите станаа импресивни модни креации во новата кампања на Икеа, во која како дизајнери и модели се вклучија припадници на ЛГБТ заедницата
Икеа Канада ја слави Парадата на годоста со нова шарена кампања во која припадници на ЛГБТ заедницата ги дизајнираа и како модели ги претставија своите креации на модна ревија.
Туш завеси на Икеа, чадорите, па дури и ламбите станаа впечатлива модни креации во новата кампања, во која Икеа создаде “облека подготвена за модна писта, изработени од секојдневни производи на Икеа”.
Кампањата и линијата на облека во неа се наречени DRÄG, а целата работа е дел од пошироката кампања на Икеа наречена “Прекрасни можности”, со која брендот сака да ја промовира различноста и инклузивноста.
Кампањата вклучува социјални канали, надворешно реклмирање, дигитални и телевизиски елементи на канадската национална LGBTQ телевизиска мрежа. Креативната агенција која помогна во кампањата е Rethink, додека агенцијата Jungle била задолжена за медиа закуп.
“Ние во Икеа веруваме во различноста и инклузивноста и сакаме да ја славиме пораката за прифаќање и самоизразување, кој доаѓа со Парадата на гордоста”, изјави Лорен Мекдоналд, маркетинг директор на компанијата Икеа Канада, и додаде: “Преку кампањата DRÄG, навистина сакавме да евоцираме убави можности кои постојат кога ќе ни се даде шанса да бидеме она што сме.”