Во својата нова кампања за Соединетите Американски Држави, брендот за мебел IKEA се одлучи да направи своја верзија на Кама Сутра и да ги инспирира потрошувачите да го „зачинат“ амбиентот во своите спални соби. Имено, во новиот каталог на IKEA, имињата на бројните секс-пози од Кама Сутра се употребни за опис на различно уредени спални соби и дизајнерски решенија наменети за различни карактери на луѓе.
Дизајнот на собите бил направен врз основа на обемно истражување спроведено од страна на брендот, со цел да се согледаат различните потреби и желби кои луѓето го имаат во врска со својот дом и спални соби. Без разлика дали тие сакаат „свежа перспектива“ или „интимна атмосфера“, Кама Сутра на IKEA е тука да инспирира и возбудува.