Се чини дека вирусот Ковид-19 е тука да остане. Во поголемиот дел од светот, општеството прави значителни чекори кон иднина во која ќе живееме паралелно со постоењето на вирусот. Но, додека остатокот од светот се справува со животот по пандемијата и се обидува да ги надмине последните две години, Кина сè уште спроведува карантини определувајќи се за нулта-ковид стратегија за целосно да го елиминира вирусот.
Така, со цел да го подигне духот на многумина луѓе кои сé уште се затворени во нивните домови, брендот за мебел IKEA презеде големи напори за да објави парче музика отпеано од популарниот хор Shanghai Rainbow Chamber Singers, а создадено со помош на агенцијата Wunderman Thompson APAC.
Песната, насловена „Трпезариска маса“, се осврнува на предизвиците со кои се соочуваат семејствата кои морале да ги преуредат своите животни простори за да можат да се употребуваат паралелно и како домашни училници или сали за состаноци.
Музичкото видео прикажува семејство во прилично несреќно расположение, при што детето се обидува да учи, а родителите се обидуваат да се концентрираат на работа. Како што напредува песната, расположението се зголемува, а домаќинството наоѓа начин да го организира своето „училиште“ и „работна канцеларија“ за поголема удобност за сите членови на семејството.
Видеоспотот исто така вклучува и селфи-фотографии од купувачи во IKEA кои откриле како изгледа животот кога се „заглавени“ внатре во нивните домови.
Видеото завршува со сцена од трпезариска маса на IKEA, а на нејзината етикета стои „Бесценето“.
На крајот, кампањата служи да нé потсети дека без разлика колку е предизвикувачка нашата ситуација, секогаш можеме да сметаме на собирање околу трпезариската маса со оние што ги сакаме.