Шведскиот бренд за мебел IKEA соопшти дека на 16 септември ќе го одржи првиот IKEA Festival – глобален целодневен виртуелен настан на кој учесниците бесплатно ќе можат да најдат инспирација за своите домови.
Уметност, дизајн, храна, музика, друштво – фестивалот ќе нуди сé што би посакале и учекувале од IKEA. Опишшан како „домашна турнеја ширум светот“, настанот ќе вклучува преку 100 уметници, готвачи, креатори, дизајнери и музичари од 50 држави ширум светот, кои ќе ги претворат своите дневни соби, кујни, спални соби и дворови во фестивалска сцена.
Покрај тоа што посетителите ќе можат да видат како дизајнерите и други соработници на IKEA ги уредиле своите животни простори, гостите ќе учествуваат и во натпревар во готвење, како и да научат нешто повеќе за одржливото живеење.
Дел од настанот ќе биде и виртуелна турнеја на фабриката на IKEA во Полска, продавницата за прототипови во Шведска, како и посета на дигитален IKEA музеј кој на гостите ќе им ја претстави богатата историја на брендот. Организаторите најавуваат нешто специјално и за гејмерите.
Учеството на настанот ќе биде бесплатно, а заинтересираните може да се приклучат во кое било време од 8 часот наутро по Средноевропско време на 16 септември, во следните 24 часа. Фестивалот ќе биде достапен на следниот линк.