Додека на интернет кружат вести за познатото јајце кое ја надмина Кајли Џенер и ја презеде титулата на најлајуван пост на Инстаграм, Икеа уште еднаш го покажа својот препознатлив хумор.
На нашите читатели Икеа веќе добро им е позната како една од компаниите кои ја следат поп културата, па кога Инстаграм доби нов крал, не беше изненадување што Икеа беше подготвена да ја поздрави оваа вест.
Додека на интернет кружат вести за познатото јајце кое неодамна успеа да ја надмине Кајли Џенер и фотографијата со нејзиното бебе и да преземе титулата на најлајкуван пост на Инстаграм со повеќе од 25 милиони лајкови, Икеа уште еднаш го покажа својот препознатлив хумор.
Брендот и нивната агенција Leo Burnett од Саудиска Арабија го поздравија новиот “крал” на Инстаграм и му понудија “престол” за одмор по овој извонреден подвиг, со наслов: “По целата таа слава, одмори се малку! world_record_egg “.