Шведската компанија за производство и продажба на мебел ИКЕА се извини поради рекламната кампања и користењето на слоган кој стоел на влезот на нацистичкиот концентрационен логор Бухенвалд, поради големите критики во руската јавност.
Најголемата светска компанија за производство на мебел неодамна лансираше рекламна кампања со латинскиот слоган „Suum cuique“, што значи “Секому своето“ или “Секому тоа што го заслужува“.
Јавноста реагираше многу брзо, бидејќи германскиот превод на славниот латински цитат “Jedem das Seine“ беше користен во нацистичка Германија и стоел на влезот на злогласниот логор Бухенвалд.
Шведската компанија веднаш се извини за грешката.
Повеќе од 56.000 затвореници, претежно од Советскиот сојуз и Источна Европа, беа убиени во нацистичкиот логор Бухенвалд.