Во Скандинавија, ИКЕА прави реалистични реклами кои илустрираат како нивниот мебел може да помогне во современите секојдневни проблеми со кои се соочува семејството.
Но на Блискиот Исток, компанијата има еден поинаков пристап, во стил на теленовелите од 1980-те. Имено, истражувањата покажуваат дека локалците имаат голем афинитет спрема овој телевизиски жанр, па така, IKEA и агенцијата Memac Ogilvy создадоа своја верзија на шпанска „сапуница“ во која го преставуваат мебелот достапен во нивните продавници.
Режирани од страна на Омар Хилал, „епизодите“ се снимани во мелодраматичен стил, со емоционални испади и обвинувања. Во секој од спотовите, „семејните проблеми“ се решаваат со некое парче мебел. На пример, во една од рекламите, жената го обвинува мажот дека ја изневерува бидејќи постојано го напуштa брачниот кревет, но потоа се открива дека тоа е поради неудобноста на душекот. Пораката на крај од секоја реклама е „Ставете крај на секојдневната драма.“
Рекламите моментално се емитуваат во Обединетите Арапски Емирати, Катар и Египет, но наското ќе се појават и на други блискоисточни пазари. Кампањата неодамна беше наградена и на креативниот фестивал Dubai Lynx со две златни награди во категориите “Film” и “Film Craft“.