За прв пат после 50 години, популарната конзерва на американскиот бренд на супа Campbell’s добива обновен изглед.
Новиот дизајн ја задржува иконичната црвено-бела позадина, меѓутоа сите помали детали добија помодерен изглед, вклучувајќи го фонтот, златниот медалјон во средината, како и хералдичките лилјани на дното, кои сега ја инкорпорираат буквата “C” од логото на Campbell’s.
Според соопштението на компанијата, целта на редизајнот била „да се модернизира брендот, но со почит спрема своето наследство“, оддавајќи го истото чувство на „удобност, добрина и Американа“.
Со редизајнот на конзервата беше лансирана и дигитална колекција на 100 уметнички парчиња инспирирани од иконичното пакување, а создадени од Софија Ченг, кои ќе бидат ставени на аукција како NFT датотеки.
Средствата кои ќе бидат собрани со аукцијата ќе бидат донирани на хуманитарната организација “Feeding America”.