Бугарската струковна организација за интерактивно огласување ИАБ Бугарија избра нов Управен одбор, на чие чело застана Илијана Захариева, директорка за корпоративни комуникации во А1 Бугарија. Захариева ја презема функцијата од претходниот претседател Димитар Денев, директор за маркетинг и комуникации во DSK Bank.
За потпретседател на организацијата беше избран Маријан Најденов, извршен директор на Prodesign. Покрај Захариева и Најденов, во новиот Управен одбор на ИАБ Бугарија ќе членуваат уште и Добрин Јорданов од Coca-Cola Bulgaria, Станимир Вагленов од „168 часа“, Сибина Григорова од „Булевард Бугарија“, Јоана Панчева од guts&brainsDDB и Десислава Олованова од McCann Sofia. Извршен директор на ИАБ Бугарија продолжува да биде Борјана Великова.
Организацијата која обединува медиуми, агенции, огласувачи и технолошки компании, минатата година се соочи со турбулентен период во кој четири нејзини членки донесоа координирана одлука да ја напуштат. И покрај тоа, ИАБ Бугарија продолжи со своите активности и ги организираше своите традиционални настани, вклучувајќи ги и наградите IAB Mixx.
Со новиот управен одбор, организацијата е подготвена да соработува со останатите струковни организации во државата. Нивната поставена е цал да „да ги заштитат интересите на професијата и да создадат поволна средина за сите учесници, што воедно ќе доведе до економски просперитет за земјата“.