Годишното собрание на Бугарското здружение за односи со јавноста (БДВО) едногласно ја реизбра Илијана Захариева како претседател на здружението, доделувајќи ѝ уште еден едногодишен мандат.
Илијана Захариева е директор за корпоративни комуникации со А1 Бугарија, каде што е одговорна за сите комуникациски дејности на компанијата, насочени кон потрошувачите и јавноста. Таа е член на управниот одбор на БДВО уште од 2012 години, а од јануари 2019 ја врши функцијата на негов претседател.
Досегашните членови на Управниот одбор на здружението – Анита Бедин, Гергана Иванова, Десислава Еленкова и Делјана Јорданова ќе ги задржат своите позиции, додека пак како нови членови ќе им се придружат Гергана Бендурска и Иван Јанакиев.
Со мнозинство од две третини од членството на БДВО беше избран и нов состав на Комисијата за професионална етика, предложен и поддржан од Управниот одбор. Комисијата ќе биде составена од: д-р Јана Сабева, предавач на Универзитетот во Софија, Маја Костадинова, менаџер за стратешки комуникации во ОББ, како и Пепи Димитрова, сопственик на комуникациската агенција пр2 и досегашен член на Управниот одбор на БДВО. Воедно, Пепи Димитрова беше избрана за претседател на Комисијата.
Собранието на БДВО ја избра и Маријана Петкова, ПР менаџер на ЕкоПак Бугарија, за член на Надзорниот одбор на здружението, приклучувајќи им се на Силвија Костова и Росица Вартоник.