По повод одигрувањето на финалето на американската НФЛ-лига, познато како Супер Боул, популарниот бренд на чипс Pringles ја емитуваше својата нова реклама насловена “The Best of Us” („Најдобрите од нас“).
Со новиот спот, брендот се шегува на сопствена сметка поради „незгодноста“ на нивното цилиндрично пакување, но се шегува и со фановите кои ги „заглавуваат“ своите раце во тоа пакување. Всушност, од самото создавање на Pringles, компанијата и обожавателите ја прифатиле реалноста дека „заглавувањето“ на раката е само дел од вкусното искуство.
Рекламата отпочнува со сцена во која едно младо момче, за време на некоја семејна забава, се обидува да го земе последното парче чипс од цилиндричното пакување на Pringles. Но, момчето ја заглавува својата рака, поради што го фаќа нервоза.
Сето тоа го набљудува неговиот дедо, кој почнува да му раскажува долга приказна за сите луѓе кои ги заглавуваат своите раце во цилиндарот: доктори, судии, аеродромски работници, инфлуенсерката Меган Трејнор, па и на братучедот во утробата на мајка му. :) Всушност, како што вели дедото, нема потреба од грижа, бидејќи тоа им се случува на „најдобрите од нас“.
Хумористичната реклама била создадена со помош на креативната агенција Grey.