Кризните и трауматични времиња и ситуација од секогаш знаеле да бидат извор на креативен импулс, а агенцијата Имаго Огилви и компанијата А1 Хрватска, овој креативен импулс го преточија во колекција на смирувачки рингтони кои ги нарекоа “Смирилица”
Нашите хрватски соседи, за жал, изминатиов период беа континуирано “нападнати” од непријател од кого не можеа да се ослободат подолго време, кој ги “напаѓаше” во серија и кој не ги оставаше мирно да заспијат. Земјотресите кои зафатија голем дел од Хрватска и неретко се чуствуваа и низ целиот регион предизвикаа трауматични времиња каде и најобичното зуење и вибрирање на мобилните почна да предизвикува стрес и да ги потсетува на непријатното тресење на тлото.
Знаејќи ја оваа ситуација, креативците од Имаго Огилви во соработка со А1 Хрватска ги лансираа “Смирилица” рингтоните кои со својата мелодија смируваат и на некој начин “ја победуваат траумата”. Рингтоните настанаа со “смирување” на вибрациите, а за музичка “подлога” беше искористен сеизмолошкиот запис од последниот силен потрес кој го погоди Петриње и околината. Склопувањето на Смирилица беше задача на музичарката од Осјек, Аклеи Неон, која во својата работа е препознатлива дека најмногу “соработува” со природата т.е. таа користи експериментални методи на снимање на звуците на растенијата и угодните вибрации на земјата со кои ги збогатува аранжманите на своите песни.
Секое преземање на Смирилица е донација за изградбата и обновата на средното училиште во Петриње, една од најстарите образовни институции во тој реон.
Еве како се реализираше целиот проект