(РЕГИОН) – Една од водечките хрватски маркетинг агенции и најнаградуваната светска маркетинг мрежа договорија соработка за регионалниот пазар.
Ogilvy & Mather е една од најголемите и највлијателни мрежи на маркетинг компании на глобално ниво (дел од групацијата WPP). Во последните четири години, на најпрестижниот фестивал за огласување во Кан е прогласена за најдобра агенциска мрежа во светот т.е. најефективна агенција на светско ниво според Effie Index 2012, 2013 и 2016 година. Иако е присутна на голем број светски пазари со 25 000 вработени, кои работаат во повеќе од 500 канцеларии во 126 земји, во Хрватска долго време немаа своја канцеларија, ниту партнер. После детален увид на пазарот, тие се одлучија за партнерски однос до една од најнаградуваните и најпознати хрватски агенции – IMAGO Reklamna Agencija од Загреб.
IMAGO е агенција која со својот интегриран пристап кон маркетиншките комуникации и визијата за ‘креативност со смисла’ веќе 24 години ги прави некои од најефективните и највпечатливи кампањи во Хрватска. Два пати е најградувана со титулата ‘Агенција на годината’ на ‘Денови на комуникациите’, а со освоени 19 Effie награди за маркетиншка ефективност, моментално е во ТОП 10 најефективни независни агенции во светот според глобалниот Effie Index 2016. Тука се и бројните награди на светски и домашни фестивали за огласување со проекти за своите локални, регионални и интернационални клиенти – од САД, преку ЕУ, до Обединетите Арапски Емирати. Имајќи го тоа во предвид, не чуди што Ogilvy & Mather ја одбраа баш IMAGO за свој партнер во Хрватска, кој од денес ќе работи под брендот IMAGO Ogilvy & Mather. Но, сорабоката во Хрватска е само првиот чекор; наскоро IMAGO и Ogilvy & Mather планираат регионално ширење и отворање на канцеларија и во Словенија.
Дамир Циглар, претседател на управниот одбор и ко-основач на агенцијата IMAGO, изјави: “Придружувањето кон таква успешна мрежа како што е Ogilvy & Mather за нас претставува можност за дополнително секојдневно ширење на своите знаења, потпирајќи се врз актуелните светски трендови и најдобри пракси; да ја прошириме базата на таленти, но и на клиенти. За нас од посебно значење е нивната експертиза во дигиталните комуникации, имајќи го во предвид тоа дека OgilvyOne претставува водечка светска Customer Engagement агенција. Ова стратешко партнерство за нас е можност да ја зацврстиме нашата позиција на домашниот пазар, како и спрема клиентите надвор од Хрватска.”
Теодор Котионис, извршен директор на Ogilvy групата во Грција, одговорен за проширување на Ogilvy во јадранскиот регион, изјави: “Ogilvy е итекако заинтересиран за ширење во Хрватска и затоа сме многу возбудени што IMAGO станува дел од нашата фамилија. Хрватска е многу важен пазар, а IMAGO е едно од најупсешните и најнаградувани агенции во земјата. Се радуваме на заедничката работа и врвните услуги кои ќе им ги понудиме на своите клиенти.”