
Вања Панајотова е назначена за нова генерална директорка на L’Oréal за пазарите на Адриа-Балкан регионот. На почетокот на март таа ќе ја замени Брижит Стрелер, која ќе преземе нови должности во L’Oréal групацијата, по 15 години успешно раководење во овој регион.
Вања Панајотова е моментално генерална директорка на L’Oréal во Романија и нејзините одговорности ќе се прошират за земјите од Адриа-Балкан регионот, односно Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија и извозните пазари (Македонија, Албанија и Црна Гора).
Вања има бугарско државјанство и богато 20-годишно работно искуство во секторот производи за широка потрошувачка, како и импресивна кариера во водење големи и меѓународни компании. Кариерата ја започнала во компанијата Procter & Gamble, а потоа се преселила во Mondelez International, каде напредувала работејќи на пазарите во Источна Европа, Африка и Блискиот исток. Во Романија дојде во 2017 година како генерален директор на компанијата Орбико, а во 2018 година и се приклучи на L’Oréal групацијата како генерален директор на L’Oréal Романија. Со докажан успех во бизнисот и извонредно познавање на земјите од регионот, Вања преку поврзување на најдобрите практики, ќе придонесе за понатамошен успех и раст на уделот на пазарот на L’Oréal во сите земји за кои сега е надлежна.
Коментирајќи го новото назначување, Вања Панајотова изјави: „Навистина сум возбудена за новата позиција во L’Oréal Adria-Balkan и пресреќна сум што ќе управувам со овој извонреден, мотивиран тим. Се радувам на заедничката иднина и придонесот во мисијата на компанијата да им дава убавина на сите, ширум овој регион“.
Брижит Стрелер ќе ја продолжи својата успешна кариера како генерална директорка на L’Oréal за пазарите на Чешка, Унгарија и Словачка. Назначена за генерална директорка за пазарите на Балканот во 2004 година, Брижит ги постави филијалите на L’Oréal во Србија и Бугарија, а потоа во 2010 година го презеде и управувањето со компанија во Адриа регионот, кој ги опфаќа Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и извозните пазари (Македонија, Албанија и Црна Гора). Во текот на изминатите 15 години успешно раководење, таа го позиционираше L’Oréal како неприкосновен лидер во индустријата за убавина во овој регион.
Процесот на примопредавање на должноста меѓу Брижит Стрелер и Вања Панајотова е во тек, а промените официјално ќе стапат на сила од 1 март 2020 година.
L’Oréal Adria-Balkan директно управува со 22 брендови на компанијата L’Oréal, нудејќи широк спектар на производи во категориите нега на кожа, боја за коса, декоративна козметика и парфеми по пат на сите продажни канали ширум регионот.