Европското здружение за образование и проучување на односите со јавност (EUPRERA) и Ketchum, една од водечките глобални агенции за комуникациско советување, ги објавија резултатите од истражувањето за важноста на репутацијата на корпоративните директори. Во ECCOS (European Chief Communication Officers Survey) истражувањето, учествуваа 579 директори на корпоративни комуникации од 39 европски земји.
Истражувањето спроведено на водечките луѓе во областа на комуникациите во Европа, покажало континуирано зголемување на важноста на имиџот на извршните директори. Во моментите кога од корпоративните вести, успесите и падовите се почесто им се припишуваа на поединци, имиџот на деловниот лидер стана клучен за корпоративната репутација.
Објаснувајќи ги резултатите од истражувањето, претседателот на истражувачкиот тим, професорот Ansgar Zerfass од универзитетот во Лајпциг, истакна:
“Репутацијата на деловниот лидер во големите организации стана особено важна. Извршните директори денес се во состојба да создаваат и да уништуваат корпоративни брендови. Помина тоа време кога лицата на таа позиција можеа да се кријат и да бидат надвор од досегот на јавноста. Денес информациите за нивните кариерни потези или непромислени постапки во јавноста можат сериозно и брзо да им наштетат на брендот. Во многу случаи, брендот – Извршен директор (CEO) стана продолжена рака на брендот на самата организација.“
Девет од десет комуникациски стручњаци на водечките европски компании, има истакнато дека способноста и капацитетот на главните директори во справувањето со медиумите и јавноста, се тесно поврзани со севкупниот успех и углед на компанијата која тие ја управуваат.
“Главниот директор на компанијата симболизира и артикулира се што неговата компанија претставува. Со оглед на тоа што јавноста многу повеќе ја поистоветува компанијата со поединците кои ја водат компанијата, отколку со самата компанија како организација, позиционирањето на извршниот директор како личност која ќе биде запаметена и на која и се верува, бара внимателно планирање.
Компаниите кои таа задача и ја оставаат на судбината или случајот, превземаат на себе голем ризик“, истакна Marina Čulić Fischer, извршен партнер на агенцијата за односи со јавноста ДИЈАЛОГ комуникации, ексклузивен застапник на Ketchuma за Хрватска.