UM Impact Day е глобална иницијатива на агенциската мрежа UM, која оваа година беше одбележана на 10 јули ширум светот. Тој ден сите UM тимови се здружија со цел да остават позитивен траг во заедниците во кои живеат и работат.
Агенциите од мрежата на UM кои работат во Југоисточна Европа во рамки на AMA Group на различни начини покажаа дека секој, дури и најмалиот придонес, може да биде почеток на голема промена, повикувајќи ги и другите да се приклучат на мисијата за позитивно влијание врз општеството.
UM Skopje го посети локалниот стационар за домашни миленици „Лајка“ и донираше храна и основни призводи, истовремено подигајќи ја свеста за важноста од вдомување кучиња и одговорното чување на домашни миленици.
Вработените во UM Belgrade го посетија Институтот за трансфузија на крв, кој се наоѓа во соседството на новите деловни простории на агенцијата, на улицата Свети Сава во Белград.
UM Zagreb и UM Sofia исто така се приклучија на акцијата за доброволно дарување крв и на промотивни кампањи во своите градови, што ја нагласува регионалната посветеност на овој хуман чин.
UM Sarajevo го одбележа Impact Day со акции за чистење и уредување на неколку паркови во општина Ново Сараево.
UM Tirana на 10 јули ширеше позитивни емоции преку 20 различни пораки поставени на раздвижени локации, осмислени да ги насмеат минувачите и да ги поттикнат да гледаат на работите од посветла страна. Исто така, отпечатија пораки на картички кои ги делеа заедно со чоколатца.
UM Impact Day е глобална иницијатива на агенциската мрежа UM која се одбележува во повеќе од 50 земји. На овој ден, преку 3.200 вработени во агенциите на UM учествуваат во различни акции со што ја потврдуваат својата посветеност на благосостојбата на заедницата и локалната средина.