Овогодинешниот иновациски индекс, што ја мери состојбата на иновации во светот од година во година, опфаќа 129 земји. На врвот по Швајцарија, следуваат Шведска, САД, Холандија и Обединето Кралство.
За позиционирање, авторите оценуваат институции, човечки капитал и истражувањата, инфраструктурата, пазарот, бизнисот, знаењето/технологијата и креативниот ефект на набљудуваните земји.
Во однос на земјите од регионот, Хрватска е рангирана на 44-то место, Црна Гора 45, Македонија 59, БиХ 76 и Албанија 83.
Кина (14 место) е единствената земја со средно висок доход што е во 20 најиновативни, додека Индија (52 место) се смета за земја која од 2011 година го зазема првото место меѓу земјите од Централна и Јужна Азија (делумно благодарение на извозот на ИКТ услуги и дипломирани студенти по инженерство и природни науки).
Општ заклучок на извештајот е дека светот е под влијание на економското забавување на средниот интензитет како резултат на ослабениот економски раст, рекордно низок раст на продуктивноста и економска несигурност.
Од друга страна, светот изобилува со иновации, и во развиените и во земјите во развој.
Целосната листа можете да ја погледнете овде.