Индустријата за видео игри постигна голем напредок од своите почетоци. Моќната забавна индустрија во вредност од милијарди долари започна да се развива од слатките автомобили на слот-машините. Уште повеќе што видео игрите вредат повеќе од музичката и филмската индустрија заедно!
Според најновите истражувања спроведени во Обединетото Кралство, индустријата за видео игри вреди над 5 милијарди долари и тоа само во оваа земја! Тоа е двојно повеќе во споредба со бројките пред 10 години, според Entertainment Retailers Association (ERA).
Меѓу главните причини за неверојатниот скок на вредноста на “игрите” се три популарни наслови. Се работи за игри кои се продаваат во фантастичен тираж: Fifa 19, Red Dead Redemption 2 и Call of Duty: Black Ops 4. Минатата година дојде до промена во навиките на гејмерите, па така игрите се купуваат се` повеќе онлајн преку Steam и други платформи. Поради оваа причина, не е изненадувачки што има пад во продажбата на физичките изданија на игрите, додека дигиталната продажба забелажа раст од над 12 проценти.
Ким Бејли, директор на организацијата ЕРА, смета дека индустријата на видео-игри е неверојатно ефикасна во максимизирањето на потенцијалот на дигиталната технологија. На овој начин тие нудат нови начини на забава, што ги прави видео игрите најмоќен сектор во индустријата за забава.
И покрај малиот пад на продажбата на физичките изданија, секој од трите горенаведени наслови се продадени по еден милион физички примероци во Велика Британија во текот на изминатата година. Интересно е тоа што во овие бројки не се смета успехот на играта Fortnite која има над 200 милиони играчи во светот и монументален финансиски успех. Оваа игра недостасува на листата, првенствено затоа што е бесплатна. Имено, креаторите на Fortnite заработуваат на козметичките додатоци кои се купуваат во играта.
Експертите сметаат дека една од главните причини за успехот на игрите е тоа што гејмингот стана дел од мејнстримот, па така, игрите на телефоните стануваат се повеќе популарни. Очигледно е дека највисоката заработувачка е од т.н.“обични“ играчи кои претпочитаат да играат на телефон.
Дополнителен бонус е олеснетото купување на игри, т.е.преминувањето од физичките изданија на дигитална дистрибуција. Ова првенствено се однесува на купување на игри за конзоли, а пред се за PlayStation 4. Но, најголемиот профит не доаѓа од продажба на игри, туку од микротрансакциите. Сега, бесплатните игри се се` подостапни, но едноставно е невозможно да не се потрошат пари за премиум профил, екстра животи, побрза градба, подобри костими ..
Некои од овие модели на заработка се граничат со коцкање, па затоа купувањето на овие т.н loot box е забрането во некои земји во Европа. Сепак, никој не може да ги запре видео-игрите кои суверено владеат на пазарот. Останува само да се помириме со ова или да се свртиме кон некои други форми на забава.