Httpool Македонија во соработка со IPSOS Strategic пред десетина дена ги објавија резултатите од спроведеното истражување насловено како “Онлајн пазарот во Македонија – навики и потрошувачка“ спакувани во инфографик кој можете да го видите подолу во статијава.
Од него се гледа дека .. во Македонија според ова истражување се потрошиле речиси 2 милиони евра за online огласување.
Најбитен момент е напомената дека ова е пресметано според официјалните ценовници на медумите како бруто сума која не ги вкалкулирала попустите, замените на банери, ниту компензациите, кои верувам ќе се сложите би одзеле голем дел од оваа сума.
Исто од инфографикот може да се види и од кои сектори доминираат рекламите во “online етерот“ , каде очигледен и лесно предвидлив е заклучокот дека телекомуникациската индустрија е токму таа која во најголем дел го креира online пазарот во Македонија.
Ако сите заедно се сложиме дека кога ќе се одземат сите попусти, компензации, размени на банери и други поставувања на реклама кои не носат приход – овие 2 000 000 евра не се реални, тогаш проценката (моја и на дел мои колеги) е дека на пазарот во Македонија “во игра“ годишно се вртат околу 300 000 – 400 000 евра ! Што мислите Вие? Која бројка е поблиска до вистинската?
Ако сакате да направите споредба со резултатите од минатата година, инфографикот за 2011 год. можете да го видите на ОВОЈ линк.