Дури и за најискусните маркетери, Фејсбук понекогаш може да изгледа како недостижна платформа. Како да се креира содржина која не само ќе допре до широката публика, туку ќе ја поттикне и нивната вклученост?
Со цел да помогне да декодираме што „пали“, а што не, агенцијата за маркетинг на социјалните мрежи Ignite спроведе истражување на повеќе од 18 000 постови од 30 брендови во периодот помеѓу 1 јануари 2015 и 31 декември 2016 година. Што заклучија? Видео постовите палат…до одредена мера.
Рајан Свини, директор за метрика и аналитика во Ignite, ги опиша резултатите: „Имајќи го во предвид новиот фокус на Фејсбук на видео записите, не изненадува тоа што видео постовите обично имаат поголем досег до фановите од постовите со линкови и фотографии“.
„Маркетерите треба да ги имаат предвид и целта на секој пост и начинот на кој се вклопува во нивната стратегија за социјалните мрежи и бизнис цели“, додаде тој. „Доколку сакате да досегне повеќе од 2,5 % од фановите или следбениците, како и поширока публика, ќе морате да вложите во платени промоции на своите социјални канали.“
Повеќе детали во инфографикот во продолжение: