Пред неколку денови започнаа Рамазанските пости, а по тој повод британскиот ланец на супермаркети Tesco се одлучи за out-of-home кампања со еден навистина иновативен дигитален билборд.
Кампањата се фокусира на Ифтар, вечерниот оброк кој го означува крајот на дневниот пост. Соодветно, дигиталниот билборд во текот на денот прикажува празни чинии, кои се полнат со храна штом сонцето почне да заоѓа.
Слоганот на билбордот гласи: „Заедно овој Рамазан“, по што следи реченицата: „Во чест на сите што постат, овие чинии се полнат само кога сонцето заоѓа“.
И покрај тоа што над 3 милиони клиенти на Tesco го слават Рамазан секоја година, ова е прв пат супермаркетот да го одбележува месецот на ваков начин. Кампањата претставува дел од посветеноста на компанијата кон поголема инклузивноста во својот маркетинг.