Експериментален проект создаден во рамките на промоцијата на GPS локаторот за домашни миленици на Хрватски Телеком
Хрватски Телеком во соработка со агенцијата Bruketa&Žinić&Grey постави иновативен плакат кој помага при пронаоѓањето на изгубени кучиња. Опремен е со механизам што испушта мирис на храна, а покрај него се наоѓа чинија со вода со цел да го привлече залутаното куче и да го задржи на сигурно додека сопственикот не го пронајде. Плакатот е лоциран покрај брегот на реката Сава во Загреб.
Во Хрватска секоја година исчезнуваат или залутуваат повеќе од 1500 кучиња, што претставува голема емотивна тежина за сопствениците и реален ризик за животните. Затоа, оваа иницијатива нуди практично и креативно решение кое активно учествува во пронаоѓањето на милениците, отколку да се задржи само на вообичаеното огласување на услугата. Активноста е замислена како дел од поширока кампања за промоција на GPS локаторот за домашни миленици, кој им овозможува на сопствениците секогаш да ги имаат своите кучиња под надзор и да спречат стресни ситуации со нивното губење.
„Губењето на домашен миленик е еден од најтешките моменти за секој сопственик. Нашата желба е да покажеме како технологијата и иновативните решенија можат да ги обогатат и наизглед малите, но всушност исклучително важни животни ситуации. Ако овој експеримент помогне да се спаси барем едно куче, веќе направивме голема работа“ – истакнува Бранка Бајт, бренд директор на Хрватски Телеком.
Концептот и изведбата ги разви агенцијата Bruketa&Žinić&Grey, потпирајќи се на едноставната вистина дека кучињата се водени од својот нос. Токму тој увид е преточен во конкретно решение на терен што може да го спаси најдобриот пријател на некој.
ПРОЕКТЕН ТИМ:
Креативен директор: Давор Брукета
Креативен директор: Вања Чиниќ
Виш копирајтер: Вито Касумовиќ
Стратег: Тиа Силвија Влаховиќ Млакар
Уметнички директор: Ивана Момчиловиќ
Дизајнери: Луција Чичин-Шаин, Ивона Грепо
Директор на проектот: Роберта Крањец
Раководител на проектот: Мартина Брниќ
Раководител на видео продукција: Анја Печовник
Дигитален дизајнер: Ива Марениќ
Раководител на DTP оддел: Радован Радиќевиќ
DTP оператор: Жељка Трочак
DTP оператор: Драган Каранушиќ
Хрватски Телеком
Директор на бренд: Бранка Бајт
Раководител на оддел: Јаворка Јованчевиќ
Бренд менаџер: Ивана Франкол
Сектор за бренд, Оддел за приватни корисници: Хелена Палчиќ Видек
Фотограф: Дамир Жижиќ
Фотограф: Домагој Куниќ
Продукција на плакат: Hanger Media / Томислав Зелјко, Дарио Оксенхам