Платформата за онлајн трговија eBay е место каде што може да се купи или продаде скоро сé што ќе ви падне на ум, од чудното и прекрасното, до практичното и функционалното. Тоа е цел засебен свет каде милиони луѓе ги споделуваат своите интереси и страсти, инспиративно место кое ги стимулира луѓето и приказните.
Со цел да ја прослави заедницата позади една најголемите платформи за онлајн трговија во светот, независната креативна агенција DUDE создаде нова интегрирана кампања за брендот, насловена “Инспирирани од приказна на eBay”, наменета за италијанскиот пазар.
Централниот спот на кампањата ја раскажува приказната за еден дечко кој си купува нов телефон и има среќа да добие уште еден ист таков телефон како подарок. Во момент на инспирација, тој се одлучува да го понуди дополнителниот телефон на eBay, што му отвора врата до различните животни приказни и потреби на потенцијалните купувачи, подвлекувајќи ги бескрајните можности за продажба кои eBay ги нуди на индивидуалниот продавач.