Според наводите на компанијата pCloud, која се занимава со складирање во облак, Instagram е најинвазивната апликација. Посочено е дека Instagram споделува дури 79% од личните податоци на корисниците со надворешни компании, а тоа вклучува купување, лични податоци и историја на пребарување.
Instagram, исто така, користи и 86% од корисничките податоци за да продава повеќе производи од групацијата Facebook и да испорачува релевантни реклами од други компании. На второто место на оваа листа се наоѓа Facebook. Од другата страна, се наоѓаат апликациите, како што се Signal, Clubhouse и Netflix, кои не споделуваат кориснички податоци и не ги користат за маркетинг цели.
pCloud ја заснова својата анализа врз податоците од новите правила за приватност на App Store, а истражувањата покажуваат дека Instagram и Facebook споделуваат најмногу кориснички податоци со надворешни компании, а исто така ги користат и за сопствени маркетинг потреби.
Според овој извештај, Signal, Netflix, Clubhouse, Skype, Microsoft Teams и Google Classroom воопшто не собираат податоци, што ги прави најбезбедни апликации на App Store. Исто така, апликациите BIGO, LIVE и Likke се наведени меѓу 20-те најбезбедни и собираат само два процента од личните податоци на корисниците.
Како што споменавме, Instagram споделува 79% од податоците со други компании и користи 86% од податоците за маркетинг потребите на групацијата. Facebook е на второто место, споделувајќи 57% од податоците со други компании. LinkedIn и Uber Eats се наведени дека споделуваат 50% од податоците со надворешни компании, додека YouTube испраќа 43% од податоците на други компании.
Тука е и eBay, за кој се тврди дека следи и продава 36% од личните информации на корисниците.
Интересно, Amazon се најде многу ниско на оваа листа, со минимално следење за сопствените потреби за маркетинг, а оваа компанија не споделува податоци со други компании.