Првите кои ги испробаа новите реклами се брендовите од областа на модата и убавината, Birchbox и Revolve
Инстаграм продолжува да ја комерцијализира својата услуга со лансирање на нови реклами со можност за купување, сакајќи да привлече повеќе брендови да отворат своите профили на оваа платформа за споделување фотографии и видео записи.
Оваа платформа во сопственост на Фејсбук веќе започна да ги поврзува видеата и со каталозите на производи, за да им овозможи на корисниците да ги купат прикажаните производи без да мора да го напуштат Инстаграм.
Овие “collection” реклами прв пат се појавија на Фејсбук, каде што веќе забележале успех, што беше причина да се прошири експериментот и на Инстаграм.
Првите кои ги испробаа новите реклами беа брендовите од светот на модата и убавината, Birchbox и Revolve, кои сакаат да достигнат барем дел од околу 200 милиони луѓе кои ги следат модните страници на оваа платформа.
Инстаграм моментално е во жестока битка со Снепчет, бидејќи двете платформи се обидуваат да го надминат другиот во доходниот пазар на е-трговија, со развивање на своите понуди кои овозможуваат купување во самата апликација.