Во изминатите неколку години, Инстаграм во повеќе наврати ја најавуваше и тестираше опцијата за сокривање на бројот на „лајкови“ и „прегледи“ на објавите на корисниците. Сега, конечно, социјалната платформа ја овозможи оваа функција за сите свои корисници.
Инстарам ја разгледуваше можноста тоа да го стори автоматски за сите корисници, со цел да го намали психолошиот притисок кој го носат „лајковите“, меѓутоа по добивањето на мешани реакции од јавноста, одлуката беше донесена тоа да биде опционално.
Крисниците ја добија можноста да ги сокријат „лајковите“ на целиот профил, или пак само на поединечни постови.
Начинот на кој можат да се сокријат „лајковите“ на целиот профил е преку менито за “Settings”, по што треба да се кликне на “Posts”, па на “Hide Like And View Counts”. Доколку корисникот сака да ги исклучи „лајковите“ само на еден пост, тој треба да кликне на трите точки во горниот десен агол на објавата, па да го притисне копчето “Hide Like Count”.
Во следните недели е најавено и имплементирањето на слично решение за Фејсбук, каде што исто така ќе може да се сокрива бројот на „лајкови“.