Социјалната мрежа Instagram објави дека ја враќа можноста за следење на објавите по хронолошки редослед, почнувајќи од оваа недела.
Корисниците ќе можат да избираат помеѓу два типа редоследи за следење на објави – хронолошки и алгоритимички.
Алгоритмичкиот редослед ќе биде стандарната верзија на платформата и ќе функционира според алгоритмот за интереси на Инстаграм. Овој редослед ќе биде насловен “Favorites”, при што корисниците ќе можат да изберат до 50 блиски пријатели или креатори на содржини кои сакаат први да ги гледаат во својот времеплов.
Доколку корисниците го изберат хронолошкиот редослед, насловен “Following”, први во нивниот времеплов ќе им се појавуваат најновите објави од профилите кои што ги следат.
„Секогаш работиме на нови начини како да го подобриме вашето искуство на Инстаграм. Ќе продолжиме да создаваме опции како Favorites и Following за да ви дадеме повеќе избор и поголема контрола врз она што го гледате и да помогнеме во создавање на чувство дека времето кое го поминуваме на апликацијата е направено со намера“ – посочуваат од Инстаграм.