Социјалната мрежа Инстаграм ја претстави својата нова опција “Live Rooms”, достапна глобално, која ќе им овозможува на четири корисници заеднички да емитуваа содржина во живо. Досега тоа беше можно само за двајца корисници, односно еден домаќин и еден гостин.
Со воведувањето на новата опција, од Инстаграм се надеваат ќе отворан поголем простор за креативни формати како подкасти, интервјуа, панел дискусии, музички проби и слично.
Покрај проширените креативни и содржински можности, од Инстаграм веруваат дека новата опција ќе им овозможи на креаторите на содржини да привлечат поголема публика, преку изложеност кон фановите на корисниците со кои тие заедно стримуваат, а напоредно со тоа и да ги зголемат своите можности за заработка.
Имено, минатата година Инстагарам воведе „беџови“ кои гледачите може да ги купуваат од домаќинот кој емитува во живо, а истата опција е возможна и во рамки на новите “Live Rooms”. Притоа, исто така има можности за “Shopping” и “Live Fundraisers”.
Од Инстаграм најавуваат дека подготвуваат и дополнителни функции за збогатување на “Live Rooms”, кои ќе следат во месеците што претстојат.