Минатиот месец, на сослушување пред американскиот Конгрес, директорот на Instagram Адам Мосери го најави воведување на различни опции за подредување на содржините во feed-от на апликацијата.
Минатата среда, пак, Мосери објави и демонстрираше три опции според кои корисниците во иднина ќе може да ги подредуваат содржините кои ги гледаат. Опциите се: Home, Favorites и Following.
Опцијата “Home” е стандардниот преглед на објави кој моментално се применува во апликацијата. Овој преглед ги подредува содржините според алгоритам на лични преференци.
Опцијата “Favorites” ќе прикажува содржини од листа на корисници и креатори кои се определени како „омилени“ од страна на корисниците.
Третата опција “Following” ќе ги прикажува содржините во хронолошки ред, односно најновите содржини ќе бидат прикажани како први.
Оваа трета опција претставуваат враќање на претходното хронолошки подредување на содржините, кое своевремено беше достапно за корисниците на Инстаграм, но потоа беше отстрането.
Повторното враќање на хронолошкото подредување доаѓа како резултат на сé посилните напади кон Инстаграм поради „негативните ефекти“ на нивниот алгоритам врз менталното здравје, пред сé кај младите.
Новите опции за подредување се веќе во тест-фаза и постепено ќе бидат проширувани да опфаќаат поголем број корисници. Нивното официјално лансирање за сите корисници се очекува кон средината на годината.
Testing Feed Changes 👀
We’re starting to test the ability to switch between three different views on your home screen (two of which would give you the option to see posts in chronological order):
– Home
– Favorites
– FollowingWe hope to launch these soon. More to come. ✌🏼 pic.twitter.com/9zvB85aPSp
— Adam Mosseri (@mosseri) January 5, 2022