Правилата за содржините на Инстаграм кои се однесуваат на огласување на производи за слабеење и козметички операции, ќе бидат заострени
Според новите правила, Инстаграм ќе ги ограничи постовите што промовираат и охрабруваат купување производи за слабеење или козметички процедури, така што оние кои се помлади 18 години нема да можат да ги видат.
Исто така, ќе биде отстранета секоја содржина во која се наведуваат диети со „чудесни резултати“, со промоција на производи за слабеење и кодови со попуст.
Инстаграм ја спроведува оваа политика во партнерство со актерката Џамила Џамил, која минатата година започна кампања за позитивен однос кон телото.
„Ова е огромна придобивка за нашата постојана борба против т.н. “индустрија на диети“, вели Џалила.
Производите за слабеење честопати се во фокусот на славните и влијатели личности кои ги промовираат.
„Сакаме Инстаграм да биде позитивно место за сите што го користат, а овие нови правила се дел од нашата континуирана работа за намалување на притисокот што луѓето понекогаш можат да го почувствуваат како резултат на влијанието на социјалните мрежи“, изјави менаџерката за односи со јавност на Инстаграм за Велика Британија, Ема Колинс.
На почетокот на годината, Националната здравствена служба на Велика Британија повикала на отстранување на рекламите за производи за слабеење на социјалните мрежи, бидејќи тие може да имаат штетни последици на физичкото и менталното здравје на младите луѓе.