Социјалната мрежа Instagram соопшти дека на професионалните профили конечно ќе им овозможи да закажуваат објави во рамки на самата апликација.
Досега, бизнисите кои имаат профил на Инстаграм мораа да ја користат платформата “Creator Studio” на Meta или некоја друга надворешна апликација со слични функции за да можат однапред да закажуваат објави. Меѓутоа, Инстаграм сега конечно им дозволува на професионалните профили да планираат и закажуваат објави – слики и видеа – во матичната апликација.
Оние кои управуваат со професионален профил можат да ја лоцираат новата опција за закажување под менито “Advanced Settings” кога составуваат објава. Потоа, во рамки на менито треба да го бараат копчето “Schedule this post”, со помош на кое ќе можат да закажуваат објави дури 75 пред нивното објавување.
Притоа, корисниците ќе имаат увид во планот на претстојни закажани постови преку интерфејсот “Scheduled Content” достапен во главното мени на апликацијата.
Новата функција за закажување на објави ќе биде постепено имплементирана за професионалните профили ширум светот во претстојните неколку недели.
View this post on Instagram