Инстаграм тестира нов систем кој ќе им овозможи на корисниците да ја потврдат својата возраст само со едноставно видео или селфи-фотографија. Технологијата користи вештачка интелигенција за скенирање лица и проценка на нивната возраст и само ако поверува дека корисникот има најмалку 13 години или повеќе, тој ќе може да креира профил на социјалната мрежа.
Претходниот систем на доверба во изборот на годината на раѓање очигледно можеше лесно да се заобиколи од кое било итро дете. Па затоа, како решение, Инстаграм воведува две нови мерки за да се осигура безбедност на тинејџерите.
Првата мерка е новата технологија за препознавање лица базирана на вештачка интелигенција. Системот е развиен од Yoti, при што видеата се испраќаат и внимателно се испитуваат врз основа на карактеристиките на лицето што другите луѓе на иста возраст ги споделуваат во нивната база на податоци. Yoti, сепак, има проблем со влијанието на полот и тонот на кожата како фактори кога се одредува возраста на некого.
Втората мерка е системот на „социјална гаранција“, кој предвидува новите корисници да пријават двајца пријатели кои имаат над 18 години за да ја потврдат нивната возраст. Лични документи, како лична карти или возачка дозвола, исто така, ќе треба да бидат прикачени за потврда. Инстаграм посочи дека личните документи ќе се чуваат само во нивната сопствена база на податоци и ќе бидат избришани по 30 дена.
Корисниците нема да мора да се грижат дали нивниот идентитет ќе биде следен бидејќи вештачката интелигенција ќе може да ја потврдува само нивната возраст, но нема да може да го препознава специфичниот корисник, додаваат од Инстаграм.
Сепак, кај дел од корисниците постои загриженост за безбедноста на своите лични податоци, но и за ефективноста на новите системи за потврда на возраста.