Пред скоро време, социјалната мрежа Инстаграм овозможи приватни „лајкови“ како форма на интеракција со содржините кои се прикажуваат во „приказни“ (Stories). Според компанијата, воведувањето на таа функција има за цел да го намали „нередот“ во сандачето за приватни пораки.
Сега, според „протечени“ информации од страна на корисникот Alessandro Paluzzi на Твитер, Инстаграм работи на интеграцијата на гласовни пораки како уште една можна форма на одговор на содржините кои се прикажуваат во „приказни“.
Корисникот Alessandro Paluzzi често ги користи методите на „обратно инженерство“ за да открие навестувања за идни новитети во софтверот на апликациите (или сокриени функции од некои минати верзии).
Неговата досегашна потрага била доста успешна, па нема зошто не би бил во право и за ова. Сепак, останува да видиме дали предвидувањата на Paluzzi ќе се остварат, или Инстаграм планира нешто сосема друго.
#Instagram is working on the ability to reply to Stories with voice messages 👀 pic.twitter.com/6fQNSxB04e
— Alessandro Paluzzi (@alex193a) March 26, 2022