На почетокот на неделава Инстаграм на својот блог објави дека одсега овозможува менаџирање на повеќе Инстаграм акаунти истовремено без претходно од-логирање.
Ова е супер вест за бренд-community менаџерите за социјални мрежи во дигиталните агенции кои досега требаше да се одлогираат, па логираат, па одлогираат.. па пак логираат.. ако случајно сакаа да постираат нешто од еден.. па од друг Instagram профил или едноставно да проверат нотификации. Оваа опција на Фејсбук и Твитер е достапна одамна.
Инстаграм постави неколку инструкции на својот вебсајт (види ги на ЛИНКОВ) како да се додаваат и менаџираат дополнителни акаунти.
Оваа опција ќе биде достапна за сите кои ја користат најновата 7,15 верзија на Инстаграм.
Со среќа да биде новата опција и внимавајте повеќе одсега да не се затрчате постирајќи нешто од профилот на клиентот милејќи дека постирате од својот приватен акаунт :)