Инстаграм, веб-сервисот за споделување на фотографии, го освежи својот изглед со посветло лого и поедноставен интерфејс отсранувајќи ги “боите и бучавата.”
Платформата го задржа својот иконичен фото апарат и боите на виножитото, но го искористи виножитото како градиент на кој со бели контури е исцртан фото апаратот.
Инстаграм е најновиот технолошки гигант кој го ребрендира своето лого оваа година, следејќи ги Uber и Gumtree.
Во еден блог пост, Инстаграм соопшти дека со новото лого искажуваат почит спрема својот идентитет, но и го прикажуваат растот на платформата, додавајќи дека старото лого веќе на ја одразувало заедницата.
“Анегдотично, знаевме дека луѓето го сакаа виножитото и дека фотоапаратскиот објектив е клучен визуелен елемент. Како дел од процесот, побаравме од вработените во компанијата да го нацртаат логото на Инстаграм по своја меморија во пет секунди. Скоро сите од нив го нацртаа виножитото и објективот. Имајќи го тоа во предвид, ги пренесовме овие елементи во една помодерна апликациска икона која прави баланс помеѓу препознатливост и разноврсност,” додадоа од Инстаграм.
Брендингот на Hyperlapse, Layout, и Boomerang исто така доби надградба.
Инстаграм го поедностави и интерфејсот на апликацијата бидејќи целта била фотографиите и видеата на корисниците да ја внесуваат бојата во просторот.
“Со употребата на стандардни iOS и Android компоненти, фонтови и шеми, луѓето ќе навигираат во веќе добро познат терен. Ние исто така ги редизајниравме нашите икони на начин тие подобро да се вклопуваат во Android и iOS,” заклучија во своето соопштение Инстаграм.