Како што објавува AdAge, неодамнешната аквизиција на Фејсбук, сервисот за фото и видео споделување – Инстаграм го склучил првиот голем огласувачки договор со Омником, кој се проценува дека достигнал сума од 100 милиони американски долари.
Договорот значи дека многу брзо корисниците на Инстаграм ќе почнат да гледаат реклами од брендовите кои соработуваат со медиа и креативните агенции на Омником , како Omnicom Media Group, BBDO, DDB и TBWA/Chiat/Day.
Заедницата на Инстаграм ја сочинуваат речиси 150 милиони корисници од кои 60% се надвор од U.S. и просечно се споделуваат околу 55 милиони фотографии дневно.