Instagram Stories сега има 300 милиони активни корисници на дневна база, што значи дека овај сервис е два пати поголем одколку Snapchat, од којшто Instagram ајмногу црпи инспирација за својата Stories функција.
Марк Цукерберг, извршен директор на компанијата Facebook, го објави растот на Stories сервисот во рамките на последниот финансиски извештај на компанијата. Исто така е објавено дека WhatsApp верзијата на функцијата има 300 милиони корисници дневно.
Instagram Stories достигна 250 милиони дневни корисници во текот на јуни, а за само пет месеци доби уште 50 милиони корисници.
Според наводите на Цукерберг, функциите како што се Stories, се наменети за зголемување на „добро поминатото време“ во рамките на апликациите на Facebook.