Само осум месеци после стартот на опцијата Stories, Instagram со 200 милиони корисници дневно, ја надмина популарноста на апликацијата која таа функција главно ја осмисли.
Опцијата за поставување на времени фотографии и видео снимки, кои од платформата исчезнуваат во рок од 24 часа, постигна исклучителен успех кај корисниците на Инстаграм и сега брои 200 милиони корисници дневно, во споредба со 158 милиони дневни корисници колку што има Snapchat,кој се прослави со таа идеја.
Според новите податоци, верзијата на Инстаграм за „дневни приказни“ моментално расте за 50 милиони активни корисници на секои три месеци и не покажува знаци на пад.
Според популарните Stories, започнати во август минатата година Instagram, кој е во сопственост на интернет гигантот Фејсбук, последните месеци додаде уште неколку функции кои потсеќаат на Snapchat, вклучувајќи ја и можноста на испраќање на приватни пораки кои исчезнуваат и додавање на сликички на видео клиповите.
Сеуште најпопуларната социјална мрежа за споделување на фотографии Инстаграм, денес има 600 милиони корисници месецно, а истражувањето на пазарот покажува дека корисниците не ги интересира кој прв ја креирал некоја функција, туку каде можат да ја користат со пријателите.