Инстаграм наскоро би можел да им овозможи на компаниите да постават нотификации и на тој начин да ги потсетуваат корисниците и потенцијалните купувачи за пристигнување на нови колекции на производи
Инстаграм објави дека на почеток ќе соработува со 20 американски брендови, вклучувајќи ги Adidas, Highsnobiety, Chinatown Market, Revolve и Huda Beauty.
Потсетникот ќе функционира слично како и оној кој корисниците можат да подесат во stories за генарални лансирања, но брендовите и креаторите ќе можат да го користат новиот стикер на поспецифичен начин, а ќе биде овозможена и опција за купување преку апликацијата Инстаграм. Потсетникот ќе се појавува еден ден пред пристигнување на новата колекција, како и петнаесет минути пред да започне продажбата.
Иако станува збор само за тестирање, за Инстаграм има смисла да истражува со оглед на тоа што уметниците и брендовите веќе ја користат платформата за да ги најават своите ограничени производи. Моментално, корисниците мора да поставуваат сопствени потсетници.
Инстаграм во последно време се труди да стане ефикасна платформа за шопинг.